САД и ЕУ повторно ги здружуваат силите против Русија. Договорот потпишан од претседателот Џо Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен има за цел постепено да ја намали зависноста на Европа од руската нафта и гас.

„Путин ги ослободи енергетските ресурси на Русија за да ги принуди и да манипулира со соседите. Тој го искористи профитот за  својата воена машинерија. Ќе ја забрзаме широката имплементација на енергетски ефикасни технологии и опрема како што се паметните термостати. Ќе инвестираме во претворање на отпадот од гориво во иновативни откритија и технологии. И заедно ќе ја унапредиме употребата на чист и обновлив водород за намалување на јаглеродот“, изјави Јое Бајден, претседател на САД

Бајден веќе два дена е на средби со шефовите на европските институции. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ сака да стане независна   од Русија.

„Американската посветеност да и обезбеди на ЕУ најмалку 15 милијарди кубни метри енергија оваа година е голем чекор во таа насока бидејќи ќе го замени снабдувањето со енергија што моментално го добиваме од Русија. Во иднина, САД и Европа ќе обезбедат одржливи залихи од најмалку 50 милијарди кубни метри енергија до 2030 година, изјави Урсула фон Дер Лајен, претседателка на Европската комисија

Ова ќе замени 1/3 од рускиот гас што денеска влегува во ЕУ. Минатата година ЕУ увезе 155 милијарди кубни метри руски гас, што е околу 40% од увозот на гас од ЕУ. Само Германија увезува 60% од гасот од Русија.

Руските власти ги опишуваат западните санкции како хибридна војна за уништување на економијата.

„Денес е прогласена  вистинска хибридна војна, тотална војна. Тој термин што го користeла нацистичка Германија сега го користат многу европски политичари кога зборуваат што сакаат да прават со Руската Федерација. А намерите не се кријат, изјавуваат јавно – да се уништи, да се скрши, да се уништи, да се задуши руската економија и Русија во целина“, изјави Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи

Во меѓувреме, Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија, а сега заменик-шеф на Државниот совет за безбедност, рече дека би било „глупаво“ да се верува дека западните санкции против руските бизниси можат да влијаат на одлуките на владата во Москва.

„Да се ​​запрашаме: Дали овие бизнисмени можат да имаат и најмало влијание врз лидерите на државата? Отворено ви кажувам, не, нема можност”, изјави  Дмитриј Медведев, поранешен претседател на Русија (за РИА)

ОН, еден ден претходно, преку резолуција ја повика Русија да ги запре нападите врз украинските цивили и цивилната инфраструктура. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши