Голем број ракометни репрезентации имаат многу проблеми поради коронавирусот пред почетокот на Европското првенство, а можноста за нови позитивни случаи само ја комплицира ситуацијата за учесниците на овој турнир.

Ракометниот тренер Веселин Вујовиќ смета дека ЕХФ треба да го откаже првенството.

– Искрено, не ми е јасно чиј интерес е да се одигра ваков турнир. Колку смисол има репрезентациите да патуваат со шест, седум заразени ракометари, а потоа тие треба да играат натпревари по десетина дена во изолација. Тоа нема врска со животот и здравиот разум, ќе гледаме никаков ракомет, а да не зборувам за ризикот од повреди. Претпоставувам дека и државите организатори ќе преземат одредени мерки, лесно може да се случи натпреварите да се играат без публика. Ги прашувам тие мудреци, па за кого се игра првенството? Мое мислење е дека ова Европско првенство треба да биде откажано, нема да пропадне светот ако скокнеме еден турнир, – изјавил Вујовиќ.