Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Барбок изјави дека разговорите во Берлин не биле лесни, но дека е задоволен од големиот интерес на германската Влада за разговор со Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Advertisements

„Нашата позиција е тешка, секако ужасно комплицирана, а со изјавите на претседателот Путин таа дополнително е искомплицирана. За сето тоа ќе зборувам утре. Се плашам од се што следи“, изјави Вучиќ пред новинарите во Берлин по средбата со Барбок.

Тој порача дека „не можеме да ја бираме и да ја смениме Германија“ и дека ако некој мисли дека Србија ќе го промени ставот на Германија за прашањето за Косово „тоа нема да се случи“.

Прикажи повеќе