Најдобриот голфер на денешницата, Американецот Тајгер Вудс, на крајот од февруари минатата година доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Тогаш Вудс (45) го возеше својот автомобил кој неколку пати се превртел и од кој едвај бил извлечен од страна на пожарникарите.

Тогаш целата јавност, и сите негови блиски беа загрижени дали ќе ги преживее тешките повреди со кои се здоби, а неговото закрепнување траеше со месеци. Се уште не е целосно завршено закрепнувањето, а како што то самиот откри, големи биле шансите да излезе од болница без една нога

-Има голем напредок во опоравувањето и сега сум добро. Додека бев во болница, имаше големи шанси да си заминам само со една нога. Кога сфатив дека ќе ја задржам ногата, тогаш морав да почнам да тренирам па ја замолив мојата девојка и пријателите да фрлаат предмети по мене додека лежам во кревет за да можам да вежбам, се присетува Тајгер на моментите во болница.

Американецот е еден од најуспешните голф играчи на сите времиња, а поради популарноста што ја донесе во овој спорт, многумина го сметаат за најдобриот играч на сите времиња.