Денешната пресуда е првата одлука на Врховниот суд за одговорноста на владата за катастрофата во Фукушима во четирите тужби за обештетување кои ги поднесоа околу 3.700 жители на Фукушима.

Advertisements

Четиричлениот судски совет соопшти дека владата не може да се смета за одговорна за катастрофата бидејќи штетата од цунами од толкави размери не можела да биде спречена дури и ако министерот за индустрија му наредил на операторот на централата да го надгради морскиот ѕид заснован на проценката на цунамите во тоа време.

Пресудата би можела да влијае на околу 30 други слични тужби кои се во тек во земјата.

Во Јапонија на 11 март 2011 земјотрес со јачина од девет степени и цунами предизвикаа нуклеарна катастрофа и го разурнаа брегот на североистокот на земјата. Системите за ладење беа уништени во нуклеарната централа Фукушима и истече радиоактивен материјал. Над 160.000 луѓе беа приморани да ги напуштат своите домови.

Тужителите во четирите тужби, од кои многумина сè уште се раселени во Фукушима и надвор од неа, бараа компензација за губењето на средствата за живот и заедницата поради катастрофата.

Тужбите против владата и операторот на централата Токио електрик пауер компани холдингс (ТЕПКО) првично беа поднесени одвоено во Фукушима и во три префектури каде поднесувачите на тужбите биле евакуирани.

Сите освен една пресуда на понизок суд ги потврдија нивните барања и ја признаа одговорноста на државата. Во моментов само ТЕПКО е обврзан да ја покрие штетата од над 1,4 милијарди јени (9,5 милијарди евра).

Спорот беше фокусиран на тоа дали владата можела да го предвиди ризикот од огромното цунами врз основа на извештаите за предвидување на цунами и дали несреќата можела да биде избегната ако владата му наредела на ТЕПКО да преземе мерки на претпазливост.

Владата тогаш наведе дека тој извештај не е точен и дека несреќата била неизбежна.