Селекторот на машката ракометна репрезентација на Словенија Љубомир Врањеш е задоволен од играта на своите момци, бидејќи игра со балканска репрезентација и во вакви натпревари секогаш се е можно.

„И благодарам на Македонија за добрата игра беше тешко направија добра работа, одиграа добро. Ние покажавме нервоза, покажавме и дека сме добар тим. Зборуваме балканска репрезентација, затоа сум задоволен, меѓудругото освоивме два бода. Играчите се бореа, немавме добра реализација, но два бода. И посакувам на Македонија, многу среќа во следните мечеви, ќе се обидеме да уште подобри во следните мечеви“, изјави Врањеш на прес-конференцијата.