Во 2021 година државата потрошила 35 милиони евра за лекување на пациенти позитивни на коронавирусот, објави Сител.

Во анализата на „Сител“, според податоците од Фондот за здравство минатата година во државните болници и клиники биле лекувани близу 24.000 пациенти. Нема податоци за приватните установи, зошто таму граѓаните плаќаат од свој џеб.

Најмногу пациенти 13.788 со Ковид во 2021-ва имало во општите болници вклучително и во ГОБ 8 септември каде просечно пациентите биле хоспитализирани по 10 дена. За здравствени услуги за толкав временски период Фондот за еден Ковид пациент и префрлил на установата околу 1000 евра.

Лани во Инфективната клиника на болничко лекување имало 2.195 Ковид пациенти. Од нив 102-ца биле на респиратор повеќе од 15 дена. Ова е и најсложената и најскапа здравствена услуга и за еден пациент од фондовската каса на Клиниката и биле префрлени по 5.000 евра.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.