Четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, наречен и стелт-омикрон, се регистрирани во Црна Гора, се наведува во денешното соопштение на тамошниот Институтот за јавно здравје.

Според Светската здравствена организација, новиот подвид на омикрон БА.2, не е загрижувачки.

Засега не постојат докази што укажуваат на тоа дека оваа нова подваријанта на омикрон ќе го влоши преносот на вирусот, сериозноста на клиничкиот тек на болеста, ефикасноста на постоечките вакцини, како и ефективноста на општите мерки против пандемијата.

Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора апелираа граѓаните да се вакцинираат, како и да примат засилувачка доза.

Прикажи повеќе