Во Јужна Франција 12 пациенти се заразиле од „нетипична комбинација“ на ковид-19, што ги загрижило тамошните научници, пишува „Експрес“.

Advertisements

Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, бидејќи првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Експертите рекоа дека идентификувале „46 мутации“ со оваа варијанта која го добила името „Б.1.640.2“.

Присуството на оваа варијанта на ковид-19, први ја откриле научници од Марсеј.

Претходно овој месец, тие на својот Твитер објавија дека откриле нова варијанта кај пациенти со ковид од Форкалкје, во регионот Горна Прованса.

Франција објави 219 126 нови инфекции во саботата и е шестата земја со 10 милиони позитивни случаи на ковид-19.

Прикажи повеќе