Турските власти уапсија човек кој е осомничен за убиството на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, изјави министерот за надворешни работи на Хаити, Клод Жозеф.

Advertisements

Моиз, поранешен бизнисмен кој ја презеде функцијата во 2017 година, беше застрелан во својата резиденција, а неговата сопруга беше ранета во нападот.

Група колумбиски платеници беа меѓу главните осомничени, но никој не е обвинет или осуден во врска со случајот.

„Само што имав телефонски разговор со турскиот министер за надворешни работи, мојот пријател Мевлут Чавушоглу, за да ѝ се заблагодарам на Турција за апсењето на Самир Хандал, еден од луѓето од голем интерес во истрагата за атентатот на претседателот“, напиша Џозеф на Твитер.

Турските медиуми објавија дека властите го привеле Хандал, по кого Интерпол распишал црвена потерница, на аеродромот во Истанбул во момент додека се обидувал да се качи на транзитен лет од САД за Јордан.