Израел објави дека ќе понуди четврта доза од вакцината против коронавирус на луѓе постари од 60 години и здравствени работници, поради страв од ширење на варијантата омикрон.

„Граѓаните на Израел први во светот ја примија третата доза од вакцината Ковид-19 и ние продолжуваме да водиме со четвртата доза“, се вели во соопштението на премиерот Нафтали Бенет.

Тој ги повика оние кои ги исполнуваат критериумите да се вакцинираат.

Израел во вторникот објави дека ја забележал својата прва смрт предизвикана од омикрон, варијанта на коронавирусот. Еден постар човек почина во понеделникот во Виршева.

Пациентот боледувал од други болести, два пати бил вакциниран но не ја примил третата, т.н „бустер“ доза.

Прикажи повеќе