реклама

Како дел од подготовките за природни катастрофи, Јапонија имплементирала иновативни автомати за самопослужување кои ќе обезбедуваат бесплатна храна и пијалоци во случај на голем земјотрес или тајфун, пренесува британски Гардијан.

Две такви машини се инсталирани во градот Ако, кој се наоѓа на југозападниот брег на Јапонија, во сеизмолошки чувствителен регион кој, според експертите, има висок потенцијал за силен земјотрес. Се предвидува дека ваков земјотрес би можел да го погоди централниот и југозападниот брег на Тихиот Океан на Јапонија во наредните децении.

реклама

Намерата е вакви машини да се постават низ целата држава

Автомати, со капацитет од околу 300 шишиња и лименки безалкохолни пијалоци и 150 порции итни оброци, вклучително и додатоци во исхраната, се наоѓаат во близина на засолништата за евакуација.

реклама

Машините се дизајнирани да ја отклучуваат и бесплатно ја нудат својата содржина во случај на обилни дождови или наредби за евакуација од земјотрес со јачина од пет или повеќе степени според јапонската скала на интензитетот на земјотресот, според Гардијан. Остатокот од времето, содржината се наплаќа.

Производителот на машините, компанијата Earth Corp, со седиште во градот Ако, истакнува дека овие машини се први од ваков вид во Јапонија. „Нашата намера е да инсталираме такви машини низ целата земја“, изјави претставник на компанијата за јапонски дневен весник.

реклама

Новитет е и автомат опремен со радио, кој автоматски ќе емитува итни пораки. Оваа машина беше инсталирана во парк во Токио претходно оваа година. Ќе се активира со земјотреси со јачина од 5 или повисоки според јапонската скала и ќе емитува информации за евакуација, како и други важни соопштенија преку локална радио станица.

Јапонија е една од сеизмички најактивните земји во светот, каде во последните години се почестите тајфуни предизвикуваат големи поплави и лизгање на земјиштето. Експертите неодамна ја зголемија веројатноста за „мегаземјотрес“ долж коритото Нанкаи, во близина на јапонскиот брег на Тихиот Океан, во следните 20 години од 50% на 60%, а на околу 90% во следните 40 години.

реклама