Скопје денеска ќе биде домаќин на Western Balkans Summit 2021, престижен настан во организација на видниот The Economist.

Оваа година вториот Самит на Западен Балкан, организиран од The Economist е насловен како „Промовирање на инклузивноста и солидарноста на Европа“.

Во време кога глобалната заедница се уште води битка против ковид-19, владите и меѓународните институции се фокусираат на имплементација на политиките што ќе им овозможат враќање на конкурентноста и растот.

Панелистите на овој врвен настан ќе дебатираат и ќе се обидат да одговорат на дилемите како стоиме на овој план? Како може да се зајакне стабилноста и соработката во регионот? Како може да се забрза интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ? Кои се приоритетите за Северна Македонија и регионот во пост-ковид периодот?

Официјалното отворање на настанот ќе стартува со мотото – Западен Балкан и пост ковид светот, односно кој е вистинскиот пат за да се постигне стабилност и просперитет.