Дел од черепот пронајден од двајца кајакари во американската река Минесота минатото лето е стар околу 8.000 години, покажаа тестовите.

Кајакарите го пронајдоа черепот во реката Минесота, 180 километри западно од Минеаполис, изјави шерифот на округот Ренвил, Скот Хејбл.

Истиот бил предаден на медицински истражител, а потоа и на ФБИ, каде форензички антрополог утврдил дека најверојатно се работи за череп на млад човек кој живеел помеѓу 5500 и 6000 година п.н.е., рече Хебл.

„Бевме шокирани што черепот беше толку стар“, рече тој.

Сепак, по објавените фотографии од черепот, Индијанците побараа тие да бидат отстранети, велејќи дека објавувањето фотографии од посмртните останки на предците е навредливо за нивната култура, што на крајот и го направиле.

Черепот, рече Хејбл, ќе им биде предаден на племенските службеници на заедницата Горна Сиукс.