193-членото Генерално собрание на ОН денеска ќе гласа за обидот на САД да ја суспендира Русија од Советот за човекови права на ОН со седиште во Женева, соопштија дипломатите. Двотретинско мнозинство од членовите на Генералното собрание во Њујорк со право на глас може да суспендира некоја земја поради извршување на грубо и систематско кршење на човековите права. Русија е во својата втора година од тригодишниот мандат во 47-члениот Совет за човекови права. Соединетите држави бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН, по извештаите дека руските сили убиле десетици цивили во украинскиот град Буча.

Прикажи повеќе