Децата до пет години се единствената група во Америка, но и во некои други земји, која сè уште не може да добие вакцина против Ковид-19, но водечкиот епидемиолог Ентони Фаучи вели дека и тие нема да чекаат долго.

Advertisements

– Се надевам дека тоа ќе им биде достапно за разумно краток временски период. Веројатно на почетокот на следната година, односно во првиот квартал од 2022 година – изјави Фаучи за „Инсајдер“, иако додаде дека тоа не може да го гарантира, бидејќи се чекаат и клинички испитувања.

Се чини дека „Фајзер“ најверојатно ќе биде лидер во трката за вакцинирање бебиња и мали деца, бидејќи веќе се во тек тестирањата на педијатриската вакцина. „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, исто така, планираат да ги тестираат своите вакцини против Ковид-19 на најмалите деца, но Модерна сè уште е во фаза на регрутирање деца во групата на возраст од 6 месеци до 6 години, додека Џонсон и Џонсон имаа одредени регулаторни одложувања и сè уште ја тестираат својата вакцина на возрасни групи од 12-17 години.

Претходно оваа година, „Pfizer“ објави дека може да аплицира за итна вакцинација за неговата вакцина до крајот на ноември од американската Администрација за храна и лекови (FDA) за деца на возраст од 6 месеци до 2 години, а во септември за деца на возраст од 5 до 11 години.

Прикажи повеќе