И покрај апсењата, бројните притисоци и информативниот мрак, во многу градови во Русија се одржуваат протести против руската агресија во Украина.

Во 59 градови, вклучително и Москва, според информациите на руската новинска агенција Интерфакс биле уапсени над 3.500 демонстранти.

Набљудувачката организацијата, ОВД-инфо тврди дека бројот може да биде поголем бидејќи полицијата уапсила повеќе луѓе отколку што е објавено. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 1.700 лица биле уапсени во Москва и уште 750 во Санкт Петербург. Според властите, илјадници луѓе учествувале на протестите кои, со последните законски измени, не се законски. Демонстрантите на објавените видеа на социјалните мрежи извикуваа пароли против војната. Полицијата употреби сила врз нив.

Според Организацијата ОВД-инфо, повеќе од 10.000 луѓе се уапсени од почетокот на руската агресија во Украина. Тие се противат на окупацијата на Украина која започна на 24 февруари. Протестите се интензивираа откако рускиот опозициски лидер Алексеј Навални на 2 март од затвор повика на секојдневни протести. Навални рече дека Русија не може да стане „нација на исплашени и замолчени луѓе“. Во долгата објава на Твитер, критичарот на Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин го нарече „луд цар“. /Алсат.мк

Исуф Кадриу

Прикажи повеќе