Започна церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри која се одржува на стадионот „Птичје гнездо“ на кој беше отворена и летната Олимпијада во 2008 година.

Под строги протоколи и ограничен број само домашни гледачи поради пандемијата на коронавирус денеска во Пекинг официјално стартуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ 2022) на кои до 20 февруари ќе настапат 2.900 спортисти од над 90 држави.

И овој пат, како и тогаш, улогата на уметнички директор на церемонијата му е доделена на најпознатиот  кинески режисер Жанг Јиму, кој најави спектакуларно отворање на олимписката манифестација.

Следете во живо и уживајте.