Во тек е прес-конференција на семејството Ѓоковиќ по повод настаните во Австралија и драматичната ситуација со Новак, кој треба да и се обрати на јавноста.

Судот во Австралија пресуди во корист на најдобриот тенисер на светот кому му беше укината одлуката за депортација и му беше дозволено да остане во земјата.

Сепак, министерот за имиграција Алан Хок најави дека може да ја искористи својата дискреција да го депортира српскиот тенисер, без разлика на одлуката на судот, а се ќе биде познато во наредните денови.

Семејството Ѓоковиќ организира прес-конференција во ресторанот „Новак“, а преку видео врска се обраќа првиот тенисер во светот. Ова ќе биде прво јавно обраќање на Ѓоковиќ откако беше приведен на аеродромот во Мелбурн.