Англискиот фудбалски клуб Вотфорд му врачи отказ на својот тренер Клаудио Раниери.

Искусниот италијански стратег кој во 2016 година на Лестер му донесе сензационална титула во Англија, нешто повеќе од три месеци беше на клупата на Вотфорд по што мораше да си замине после поразот од Норич.

Како тренер на Вотфорд, 70-годишниот Раниери имаше само една победа на 14 меча, а триумфот беше од 4-1 против Манчестер Јунајтед.