Популарниот комичар реши јавно да застане на страната на постариот колега среде судскиот спор по кој се врти Холивуд и светот, потсетувајќи се на еден од најшокантните моменти во бракот на Амбер Херд и Џони Деп.

Во пролетта 2016 година, актерката Амбер Херд го обвини својот сопруг Џони Деп за физичко насилство и објави фотографии од модринки за кои таа тврдеше дека се резултат на ужасен напад што го доживеала.

Следуваше развод, години судски пресметки, се појавија шокантни снимки, меѓусебни обвинувања, а овие денови парот повторно е во судница.

Имено, Деп ја тужи поранешната сопруга поради нејзиниот текст објавен во 2018 година во The Washington Post, бидејќи тој тврди дека, иако таа не го именувала, јасно имплицира дека зборува за него.

За време на судењето, во кое слушнавме низа запрепастувачки обвинувања кои Амбер и Џони ги упатија еден на друг, еден од помалку забележливите детали е сеќавањето на моментот кога Херд по расправија уринирала на страната на Деп од креветот.

Комичарот Крис Рок сега, додека се снимаше во Лондон, се потсети на овие епизоди. Бидејќи случајот Херд-Деп предизвика многу контроверзии на социјалните мрежи и многумина стравуваат дали на жртвите ќе им се верува во иднина поради деталите од овој брак кои се откриени, Крис Рок јасно нагласува дека е многу важно да се верува сите жени – но не и на Амбер Херд.

  • Да им верувате на сите жени, всушност да им верувате на сите жени освен на Амбер Херд? Што по ѓаволите прави таа? С**е во неговиот кревет. Откако ќе извршите нужда на нечиј кревет, едноставно вие сте виновни за се. Што по ѓаволите се случуваше таму? Леле! И после тоа останаа заедно – шокиран е Рок.

Иако со години се знаеше дека тоа се случило, шокантниот настан повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, откако Стерлинг Џенкинс Трети, возачот и телохранител на Џони Деп, пред судот раскажа како нашол човечки измет на актерската страна од креветот во 2016 година.

Се се случило по расправија, кога Деп го напуштил заедничкиот стан, а Амбер со другарките отишле на фестивалот „Коачела“ и оставиле „изненадување“ на креветот, а на интернет се најдоа дури и фотографии. Џенкинс рече и дека Херд му признала се, нагласувајќи дека тоа е „шега што тргнала наопаку“.

Самиот Џони Деп се наврати на ова и изјави дека не можел а да не се насмее на бизарната глетка.

  • Беше толку гротескно и бизарно што не можев ништо друго освен да се смеам – рекол актерот.