Двајца возачи од Гостивар и Скопје доживеале сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден, удирајќи во бетонски столбови.

Првата несреќа се случила околу 7 часот вчераутро на патот Гостивар-село Градец, кога 51 годишна жена од Дебреше, по претходно пролизгување на патот, удрила во бетонски столб. Таа се здобила со тешки повреди констатирани во Ургентниот центар Гостивар.

Два часа подоцна, во полицијта било пријавено дека и на автопатот Скопје-Велес дошло до слична незгода, кога „мерцедес“ управуван од 46-годишен скопјанец изгубил контрола и удрил во жичена ограда, а потоа и во бетонски столб.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид во двете несреќи.

АМСМ вчера соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките места.