Њукасл понудил 100 милиони за Душан Влаховиќ, но Србинот наводно се изјаснил дека не сака во Англија, барем не во овој клуб.

„Раи спорт“ објави дека Влаховиќ ја одбил понудата од Њукасл и новите богати газди, сака да остане во Фиорентина до јули.

На оваа информација се израдува Јувентус, Влаховиќ е топ приоритет за „старата дама“ во нападот, има 21 година, игра фантастично, наводно почнати се преговорите за личните услови на Србинот.