„Тутоспорт“ кој е близок на Јувентус, тврди дека „старата дама“ има договор со Србинот Душан Влаховиќ, се чека само официјализирање на соработката.

Влаховиќ кој има 21 година, ќе потпише договор на 5 години, Јувентус ќе му исплаќа 12 милиони евра годишна плата во бруто, или 8 по сезона во нето.

Со доаѓањето на Влаховиќ, ќе нема место во тимот за Дејан Кулушевски кој ќе оди на позајмица.