Властите во Австрија разбија мрежа на трговија со луѓе кои пренеле стотици мигранти во земјата преку Балканот. Полицијата во австриската провинција Луер соопшти дека 15 лица државјани на Молдавија, Украина и Узбекистан биле уапсени при претрес на сомнителни возила како и во хотел во Виена. Уапсените лица се осомничени дека десетици пати тргувале со имигранти. Се верува дека тие ги превезувале мигрантите со автомобил и комбе од границата меѓу Србија и Унгарија преку Словачка и Чешка до североисточниот дел на Австрија, соопштува полицијата. Најголем дел од мигрантите биле од Либан, Египет и Сирија а нивна цел била да стигнат до Германија. Се верува дека оваа мрежа на трговци со луѓе превезувала над 700 луѓе, а за секое патување во Австрија земале од 4.000 до 5.000 евра по лице. Полицијата соопшти дека групата ,,заработила,, над 2,5 милиони евра.

Advertisements

Прикажи повеќе