Саудискиот боксерски промотер Турки Алалших откри дека би сакал Владимир Кличко да се врати во рингот. Познатиот украински боксер, еден од најдобрите на сите времиња, има 48 години, а евентуално враќање во рингот би се случило во борбата за појасот на шампионот во тешка категорија против Тајсон Фјури. За такво нешто треба да се поклопат неколку работи.
Владимир Кличко, братот на Виталиј Кличко, исто така поранешен шампион, а денес градоначалник на Киев во воено окупирана Украина, прво треба да се согласи да се бори за да почне да се реализира планот на промоторот. Дополнително, би било неопходно Британецот да го победи Олександар Усик во реваншот на 21 декември.
„Сонувам да ја видам оваа борба. Ако прифати, би сакал да го видам Владимир Кличко да има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија на сите времиња. Се разбира, тој нема да биде во рингот против Усик ако Усик победи бидејќи тие се и двајцата херои од Украина и нема да се борат меѓу себе“, рече Алалших.
Најстариот шампион во тешка категорија е Џорџ Форман, кој го нокаутира Мајкл Мурер во 10. рунда во ноември 1994 година во борба за титулата. Форман тогаш имаше 45 години. Кличко во март следната година ќе го прослави својот 49 роденден.
Виталиј и Владимир Кличко беа шампиони на сите најважни промоции во „Кличко ерата“ од 2004 до 2015 година. До 2015 година, Владимир имаше учинок од 64 победи и три порази, а потоа на крајот на таа година му ги предаде појасите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО на Тајсон Фјури по едногласна одлука на судиите во корист на Британецот.
Тој се врати во рингот две години подоцна во мечот против Ентони Џошуа. Загуби во 11. рунда од борбата за појасите во тешка категорија на ИБФ, ВБА и ИБО.
Текстот Владимир Кличко му се враќа на боксот? е превземен од МАКФАКС.