Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ќе го продолжи договорот со мадридскиот клуб до 2028 година.

Според „ABC“, платата на напаѓачот во Реал Мадрид според новиот договор ќе изнесува 5,5 милиони евра годишно.

Забележано е дека платата на Винисиус може значително да се зголеми поради бонусите.

Исто така во новиот договор на 21-годишниот Бразилец со Реал Мадрид ќе биде впишано обештетување во износ од 1 милијарда евра.

Винисиус оваа сезона постигна девет гола и седум асистенции на 15 натпревари за Реал Мадрид.  (МИА)