Тренерот на Феникс Санс, Монти Вилијамс ќе биде предводникт на Тимот Леброн на Ол-стар натпреварот кој годинава ќе се одржи во Кливленд.

„Сонцата“ имаат најдобар учинок на Западот во оваа сезона, а по триумфот над Сан Антонио Санс стана јасно дека никој не може да ги помине до 6 февруари во оваа конференција, па поради тоа Вилијамс ќе биде на клупата на Тимот Леброн во кој освен Џејмс во стартната петорка се уште Никола Јокиќ, Џа Морант, Стеф Кари и Ендрју Вигинс.