Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој вчера го доби судскиот спор по жалбата за укинување на визата за Австралија, одржа тренинг на централниот терен на Австралија опен – „Род Лејвер Арена“.

Новинарот Бен Ротенберг пренесува дека за време на тренингот на Србинот, биле исклучени камерите кои вообичаено секогаш пренесувале во живо.

Во исто време, австралискиот канал „9Њуз“ сепак доби снимка од тренингот направена со дрон.

Во австралиските медиуми денес се појавија шпекулации дека Србинот се соочува со едногодишна затворска казна поради прикажување на лажни докази на суд. (МИА)