Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, беа пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета.

Децата, по двонеделна потрага, биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација.

Спасувачите, прудружени од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата.

Несреќата се случила на почетокот на мај, кога авионот „цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, во провинцијата Амазонас, и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урна во џунглата.

Во несреќата загинале тројца возрасни, меѓу кои и пилотот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Четири деца на возраст од 13, 9 и 4 години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа.