Поради крајно неповолните временски услови, предизвикани од бурен ветер, дошло до испад на 110 киловолтен далновод „Можура-Улцињ“, што предизвикало прекин во снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите во најјужната црногорска општина, објави Црногорскиот електропреносен систем.
Во објавата на ЦГЕС на Фејсбук се наведува дека нивни екипи се на терен и вршат активности за што поскоро да биде пуштен во употреба далноводот „Можура-Улцињ“.
Од граѓаните побараа трпение и разбирање додека не се отстрани дефектот и не се воспостави редовно снабдување.
Дефектот на далноводот Бар110 Улцињ се случи во 11 часот и 34 минути, кога покрај Улцињ без струја останаа и Стари Бар и Велики Пијешак.
Екипите на ЦЕДИС се на терен и и покрај тешките услови за работа поради силните ветрови, се обидуваат да го отстранат дефектот , соопшти ЦЕДИС.
Освен силниот ветер, улиците и плажите во Улцињ се затрупани со снег.