Манчестер Јунајтед извојува голема победа на гостувањето кај Лидс Јунајтед со 4-2. Капитенот Хари Мегваер ги доведе гостите во водство по асистенција на Шо , додека играчот за врска, Бруно Фернандеш го постигна и вториот гол погодувајќи од непосредна близина, по одличната асистенција на Санчо.

Лидс Јунајтед на чудесен начин го започна вториот дел, постигнувајќи два голови во рок од една минута. Родриго постигна феноменален гол од далечина (53.). Додека, неколку секунди подоцна, Даниел Џејмс асистираше за Рафиња, кој го израмни резултатот 2-2 (54 ′).

Херој во Манчестер Јунајтед беше Фред, кој постигна прекрасен гол по додавањето на Санчо (70 ′). Во меѓувреме, победата ја запечати Ентони Еланга по асистенција на Бруно Фернандеш (89 ′).

Со оваа победа, Манчестер Јунајтед застана на 4 место со 46 бодови, додека Лидс е на 15 место со 23 бода.

Прикажи повеќе