Плимут, последнопласираниот тим во Чемпионшип (Втора лига на Англија), во четвртото коло во ФА купот придери вистинска сензација, успеа да го елиинира најдобриот англиски тим во овој момент, Ливерпул.
Арне Слот реши да комбинира за овој натпревар, не донесе во Плимут речиси ниту еден од своите главни играчи на дуелот против последнопласираната екипа од Чемпионшип, а тој ризик не вроди со плод.
Во тимот ги немаше Салах, Ван Дијк, Мекалистер, Собослаи…
На крајот, Плимут, кој од оваа сезона се натпреварува во Чемпионшип и речиси сигурно ќе се врати во третото ниво на англискиот фудбал, со голот од пенал на Рајан Харди го совлада лидерот во Премиер лигата.
Очекувано, Ливерпул стартуваше со изменет состав, со Киеза на теренот од првата минута, додека во нападот беше само Диого Жота.
Ливерпул навистина имаше поголем посед на топката, но тимот на Арне Слот речиси и да не создаде опасни прилики за гол. „Црвените“ имаа само три удари, од кои само еден во голот, додека Плимут имаше уште еден.
Клучниот момент се случи во 53.минута, Плимут доби пенал, а сигурен реализатор беше Харди.
Единствено што можеше потоа да направи Холанѓанецот беше да го испрати Дарвин Нуњез на теренот, бидејќи освен него на клупата имаше млади играчи без искуство во сениорскиот фудбал.
До крајот на мечот Ливерпул се обидуваше да постигне гол и да го одведе мечот во продолженија, но Плимут успеа да се одбрани и потоа да прослави една од најголемите победи во историјата на клубот.
Текстот (Видео) „Фенерџијата“ во Чемпионшип го елиминира Ливерпул од ФА купот е превземен од МАКФАКС.