Јужната команда на украинските сили утринава соопшти дека руските сили ја урнале браната Нова Каховка.

„Во моментов се разјаснуваат обемот на уништувањето, брзината и количината на вода, како и веројатните области на поплави“, објави командата на својата Фејсбук страница.

Руските и украинските корисници на социјалните мрежи рано утринава објавија дека браната е уништена.

Украинскиот гувернер на Херсонската област Олександр Прокудин објави видео на Телеграм во кое вели дека како резултат на оштетувањето на браната Нова Каховка „водата ќе достигне критично ниво за пет часа“ и дека евакуацијата е започната.

Како што информира Олександр Прокудин, локалните жители веќе почнале да се евакуираат од опасните подрачја. Тој потврди дека Русите ја демолирале Каховка и ги повика што поскоро да ги напуштат опасните места.

Прикажи повеќе