Актерот Војин Четковиќ вчера околу 21 часот дошол во Ургентниот центар, откако неговата сопруга, актерката Слобода Миќаловиќ имала физички конфликт со С.Д. (47).
Војин пристигнал видно загрижен, а новинарска екипа која била на лице место го снимила актерот пред Ургентниот центар.
„Иако никој од насобраните медиуми не го вознемируваше и не го испрашуваше, Војин Ќетковиќ на големо и непријатно изненадување реагираше крајно бурно и грубо, па и пријде на новинарка и и го грабна телефонот од рака“, пишува српски Телеграф.
Според нивниот снимател Војин пцуел и се заканил дека ќе тужи.
Неговата сопруга, актерката Слобода Миќаловиќ претходно вчера имала физичка пресметка со 47-годишната С.Д. по што заврши во Ургентниот центар.
Текстот (Видео) Српскиот актер Војин Четковиќ го зеде телефонот на новинарка па тргна кон снимателот: инцидент пред Ургентниот центар во Белград е превземен од МАКФАКС.