Вашингтон го погоди силно невреме при што снежна бура го парализираше главниот град на САД. Според официјалните податоци, навеале само 17 сантиметри снег, но доволно за да се предизвика сообраќаен колапс. Температурите се движат од минус седум до два Целзиусови степени, пренесуваат американските медиуми.

Advertisements

Силната снежна бура, која вчера почна во Америка и остави околу половина милион луѓе без струја во југоисточниот дел на земјата, сега се движи кон источниот брег, додека Вашингтон и федералните служби полека се затвораат поради невремето, пишува „Форбс“.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување и предвидува дека во некои области ќе паднат од 20 до 30 сантиметри снег.

Државниот завод за човечки ресурси доцна синоќа соопшти дека федералните служби во главниот град денеска ќе бидат затворени и оти на работниците кои не работат во итните служби ќе им биде дозволено да не доаѓаат на работа, но не и на работниците вработени во итните служби.

Неколку училишни области во Мериленд и Вирџинија се затворени поради снежното невреме, а државните училишта во Вашингтон денеска и утре ќе бидат затворени, како дел од големото тестирање за ковид-19, па отворање се очекува дури во четврток.

Прикажи повеќе