Најмалку едно лице загина, а петмина други се повредени при делумно уривање на катна гаража во Менхетен, Њујорк, соопштија локалните власти, пренесе Ројтерс.

Четирикатната гаража делумно се урнала вчера околку 16 часот по локално време (околу 20 часот по Гринич).

Advertisements

Фотографиите и видеата од местото на настанот покажуваат повеќе автомобили наредени еден врз друг меѓу скршените бетонски плочи. Очевидци велат дека уривањето било брзо.

Од противпожарната служба изјавија дека во моментот на несреќата во објектот имало шест лица, од кои еден починал, четворица се пренесени во болница, а еден одбил лекарска помош.

Началникот на Њујоршката противпожарна служба, Џон Еспосито, изјави дека операцијата за спасување била исклучително опасна за пожарникарите, а дека објектот на гаражата е многу нестабилен.

Прикажи повеќе