Рекордерот по бројот на титули во најелитното натпреварување, над сите очекувања слави во финалето против Ливерпул со 0-1 (0-0). Херој на Реал на „Стад де Франс“ беше Винициус кој го постигна единствениот погодок, меѓутоа вреди да се издвои и партијата на Куртуа кој блескаше меѓу стативите. „Црвените“ беа поконкретни и имаа повеќе шанси, ама „кралската“ мрежа остана недопрена.

Реал Мадрид 14. пат во својата историја го крена трофејот во Лигата на шампионите, а Ливерпул испушти шанса да се израмни на второто место со Милан и остана на шест титули.

Прикажи повеќе