Во остатоците на познатиот луксузен прекуокеански брод Титаник, 111 години по неговото потонување, пронајдена е изгубената огрлица. Титаник потона на своето прво патување откако удри во санта мраз во Атлантикот а загинаа над 1.500 луѓе.

Ја пронашле членовите на организацијата „Магелан“ која се занимава со подводни истраги и мапирање на морското дно, пренесува РТС.

Огрлицата случајно била пронајдеа за време на снимањето на потонатиот брод Титаник за потребите на документарен филм.

Огрлицата е сè уште е во урнатините бидејќи САД и Велика Британија треба да дадат посебна дозвола за да се извлече од потонатиот брод. Со помош на вештачка интелигенција, истражувачите ќе се обидат да утврдат на кого точно му припаѓала оваа огрлица.

Прикажи повеќе