Екипата на Милан  со пресврт забележа спектакуларна победа од 2:1, против Интер. Актуелниот ѓампион на Италија, Интер го доби првото полувреме, со голот на Иван Перишиќ во 38. Минута. По метеж што настана во зоната на Милан, крилото на Интер беше непокриен за да упати топката во долниот дел на голот на Мињон.

Кога се чинеше дека Милан сигурно чекори кон следниот пораз, со кој ги намалуваше шансите за титулата, на сцена стапи французинот Оливие Жиру. Првиот гол, францускиот напаѓач го постигна во 75. минута, лесно туркајќи ја топката во мрежата.

Истиот играч во 78. минута направи супер потег и го следеше со прецизен удар со левата страна, за водство на Милан за 1-2.

На крајот од натпреварот, Тео Хернандез беше казнет со црвен картон за прекршок против Дамфрис.

Милан после ова победа има 52 бода, со само бод помалку од Интер, кој е лидер во Серија А, но шампионот има и натпревар помалку.

Прикажи повеќе