Обилниот снег што веќе неколку дена паѓа предизвика сообраќаен метеж, откажување на летови и прекин на железничките услуги во централна Јапонија. Во некои области има рекордни снежни наноси.

Повеќе од 3200 домаќинства останаа без струја, а надлежните предупредуваат дека се предвидува ноќеска да навее уште повеќе снег.

Сè уште нема потврдени случаи на повреди или смрт поради студеното време, изјави владиниот портпарол Хирозаку Мацуно.

Тој рече дека главниот патен правец во регионот Шига е затворен „поради заглавени возила“, а телевизиските снимки покажаа долги колони неподвижни автомобили. Сепак, после одредено време почна раздвижување на патот. Застојот наводно се направил кога камион се излизгал во близина на градот Хиконе, каде што во изминатите 24 часа до утринава навеале 68 сантиметри снег, 30 пати повеќе од просекот, објави државната телевизија ХНК.

Прикажи повеќе