Фудбалерите на Феенорд и Аталанта ги забележаа првите победи во новиот формат, во Лигата на шампионите. Феенорд победи во Џирона со 3:2, а Аталанта го совлада Шахтјор со 3:0.
Неверојатен меч на „Монтоливи“ во Џирона одиграа домашниот тим и вицепрвакот на Холандија, Феенорд.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски дебитираше во Лигата на шампионите, го започна натпреварот во стартниот состав, можеше да биде херој, на крајот испадна трагичар.
Откако во самиот финиш на натпреварот испушти победа против Пари Сен Жермен (автогол на голманот Газанига), Џирона на најдобар можен начин го започна натпреварот против Феенорд. Давид Лопез во 19. минута ја затресе противничката мрежа и им донесе водство на Шпанците.
Сепак, Каталонците после тоа целосно потонаа. Најпрвин Јангел Ерера си постигна автогол во 23. минута, а потоа Антони Миламбо постигна гол за целосен пресврт на Холанѓаните. Ајасе Уеда можеше да го постигне третиот гол за тимот од Ротердам, но неговиот пенал го одбрани Пауло Газанига.
Вториот дел од играта го одбележа многу подобрата игра на домаќините. Џирона постојано создаваше прилики, а најдобрата ја имаше Бојан Миовски. Напаѓачот избори пенал, ја презеде одговорностај во 67. минута но Тимон Веленројтер одбрани.
| Wellenreuther saves Bojan Miovski ‘s penalty Girona 1-2 Feyenoordpic.twitter.com/DLnW5k1Iwu
— Sports PARODY Freak (@parody_freak) October 2, 2024
Домашните не паднаа по пропуштената прилика, туку само шест минути подоцна израмнија. Стрелец овој пат беше Дони ван де Бик.
Сепак Џирона не успеа да избегне пораз, дефанзивецот Ладислав Крејчи си постигна автогол.
Клубот од „Монтилви“ се обидуваше да стигне до израмнување до крајот на натпреварот, но Феенорд одолеа на сите напади и го забележа првиот триумф во новиот формат на Лигата на шампионите.
Во Гелзенкирхен, каде Шахтјор е домаќин, актуелниот освојувач на Лига Европа, Аталанта лесно славеше со 3:0.
Џимшити го постигна првиот гол во 21.минута, а во претпоследната минута од првиот дел Лукман зголеми на 2:0. Точка на натпреварот стави Беланова во 48.минута.
Текстот (Видео) Два автогола, Миовски промаши пенал, Џирона загуби од Феенорд е превземен од МАКФАКС.