Манчестер Јунајтед одигра фрустрирачки натпревар на „Сент Џејмс“ Парк и на крај запиша само реми кај Њукасл Јунајтед.

Кристијано Роналдо го искажа својот бес при еден старт во дуел со Рајан Фрејзер. Социјалните мрежи се преполни со реакции за овој момент, а повеќето фанови сметаат дека Португалецот заслужил да биде исклучен од главниот судија.

Ѕвездата на Јунајтед имаше среќа и остана во игра, но тоа не му помогна на неговиот тим да се избори за позитивен резултат на оваа средба.