Во неделата вечерта се одржа Super Bowl, кој годинава ќе го паметат компаниите по тргување со криптовалути, кои дебитираа со својот рекламен материјал.

Покрај американскиот фудбал, секоја година го одбележуваат величественото шоу на полувремето, но и скапите ТВ реклами кои се емитуваат на паузите од натпреварот.

Оваа година ќе биде запаметена како онаа во која компаниите за трговија со криптовалути дебитираа со нивниот рекламен материјал. И покрај осумцифрените буџети за рекламирање, еден се одлучи за минималистички пристап.

Во вториот квартал од овогодинешниот Супер Боул во неделата навечер, Coinbase, менувачница за криптовалути, ги потроши своите 60 секунди, за кои се потрошило околу 13 милиони долари, на QR-код што скока од агол до агол на ТВ екранот, пренесува USAToday.

Значи, нема луѓе, нема имиња на производи или нешто што би можело да навести што се случува до последните неколку секунди.

Оние кои се малку пољубопитни од просекот и кои се нафатија да го прочитаат кодот на екранот, ја решија мистеријата. На екранот на нивните мобилни телефони се појави натпис: „Ако се регистрирате, ќе добиете 15 долари во биткоин бесплатно, плус шанса да освоите награди вредни три милиони“.

Критичарите на огласот на социјалните мрежи истакнаа дека, бидејќи целта била да се доближат до публика која не е нивна вообичаена клиентела, успеале само да ги збунат потенцијалните нови корисници, пренесува Блиц.

Сепак, рекламата беше ефективна.

Како што рекоа луѓето од компанијата на Твитер, за една минута компанијата имала околу 20 милиони посети на нејзината веб-страница, најмногу што компанијата досега имала и што е повеќе од доволно за да ја урне нивната страница.

Следното утро, Coinbase беше втората најпопуларна апликација и на уредите со Android и iPhone.

Во продолжение како изгледала рекламата: