ВАР технологијата во понеделникот ги намачи играчите и навивачите на Евертон во премиерлигашката победа над Арсенал (2:1).

На „карамелите“ двапати им беше поништен гол поради офсајд после реакцијата од ВАР собата.

Во центарот на вниманието се најде бразилскиот интернационалец Ришарлисон, на кој во една од тие две ситуации, му беше поништен гол бидејќи неговото стапало му беше неколку милиметри поблиску до голот на Арсенал од стапалото на дефанзивецот на „топџиите“, Габриел.

Нема сомнение дека ова беше еден од најмалите офсајди во историјата на фудбалот.

Ришарлисон сепак имаше „трета среќа“, му беше признат третиот гол на мечот со кој го израмни резултатот на „Гудисон“, каде Евертон на крајот направи пресврт во судиското надополнување.

Фото: EPA-EFE/PETER POWELL