Неонацистот Калум Парслоу, е осуден на затворска казна откако се обидел да убие барател на азил во хотел во Ворчестершир, Англија, пишува „Скај њуз“.

Калум Парслоу го нападнал со нож Нахом Хагос од Еритреја додека бил на вечера во Пир Треи Ин во април минатата година. Нападот беше прогласен за терористички. Калум (32) има тетоважа со потписот на Адолф Хитлер на раката и се обидел да објави терористички манифест на платформата „Икс“.

Тој е осуден на доживотен затвор и ќе треба да одлежи најмалку 22 години и осум месеци, а обидот за убиство го опиша како протест против илегалните имигранти кои ја минуваат границата со мали чамци.

Нахом Хагос од Еритреја изјави дека е чудо што преживеал откако бил прободен со нож во градите и раката. Парслоу го нападна со нож од 770 фунти, купен преку интернет.

„Направивте суров и неиспровоциран напад врз странец, кој се здоби со сериозни повреди како резултат на вашето насилство“, му рече судијата Џастис Дов на сторителот за време на изрекувањето на пресудата.

Судијата, исто така, истакна дека Парслоу бил мотивиран од прифаќање на екстремно десничарскиот неонацистички начин на размислување кој потоа поттикнал искривени, насилни и расистички ставови. Тој заклучи дека без сомнение станува збор за терористички напад. Парслоу беше прогласен за виновен за обид за убиство во октомври минатата година.

Парслоу побарал насоки од Хагос до тоалетот, по што го нападнал со нож. На снимката од надзорната камера се гледа како жртвата трча на паркингот додека Парслоу ја следи. Хагос успеал да се врати назад во главната рецепција на хотелот, а менаџерот потоа ја заклучил влезната врата. Сторителот се обидел повторно да влезе во хотелот, преку друг влез, очигледно барајќи дополнителни жртви.

Менаџерот на хотелот и градежен работник со комбе го пренеле Хагос, кој силно крварел, во болница во Ворчестер. Во болницата било откриено дека има рана долга 8 сантиметри, но таа не зафатила ниту еден витален орган. Во меѓувреме Парслоу побегнал, а минувачите забележале дека има крвави раце. Полицијата подоцна утврдила дека крвта на жртвата се совпаѓа со сечилото на ножот што го фрлил Парслоу.

По прободувањето, додека полицијата му пријде, Парслоу се обиде да објави терористички манифест на Платформата „Икс“. Тој ги означи десничарскиот активист Томи Робинсон и политичарите Најџел Фараж, Суела Браверман и Сер Кир Стармер. Тој исто така напиша дека ја исполнил својата должност кон Англија само со обидот да го истреби Нахом Хагос. Сепак, неговата објава не помина бидејќи означи премногу корисници. Така, меѓу другите, на неговата листа се најдоа Борис Џонсон, Доналд Трамп.

Судот, исто така, слушна дека секира, метална бејзбол палка и уште еден нож биле пронајдени во изнајмениот стан на сторителот во Бромјард Терас, Ворчестер. Полицијата открила и лента со свастика, медалјон од нацистичката ера и копии од хитлеровата книга „Мојат борба“.

На поротниците им беше кажано дека на Парслоу го истетовирал потписот на Хитлер на раката за да ја покаже неговата поврзаност со идеите на лидерот на германската нацистичка партија, а тој исто така се изјаснил за виновен за неповрзан сексуален престап и две други обвиненија за испраќање е-пошта со намера да предизвикаат вознемиреност и страв.