Серхио Агуеро е подготвен за официјално деби во дресот на Барселона. Напаѓачот беше дел од последната пријателска средба против Корнеља и го постигна првиот погодок за новиот тим.

Аргентинецот умешно се справи со противничкиот голман, а потоа без проблеми ја смести топката во мрежата. Ваквите потези носат возбудување кај фановите, кои со нетрпение го очекуваат неговиот прв настап на „Камп Ноу“.

Барса за време на викендот ќе игра со Валенсија. Роналд Куман би можел да му даде мала минутажа на 33-годишниот голгетер.

Поважна средба за Каталонците следува наредната недела, кога ќе се сретне со големиот ривал Реал Мадрид.