Кинески патнички авион утринава се лизна од пистата при полетување во градот Чонгкинг, по што се запали, јавија кинеските државни медиуми.

Advertisements

Сите 122 лица од авионот „ербас А319-115“, од кои 113 се патници се евакуирани, а повредените се префрлени во болница, јави агенцијата Синхуа.

Кинеските државни медиуми прикажаа видео од авионот на „Тибет ерлајнс“ од кој излегува црн чад, објави Кјодо.

Некои патници се здобиле со полесни повреди.

Кон крајот на март, „боинг 737-800“ се урна во регионот Гуангкси Жуанг, при што загинаа 132 лица во авион на „Чајна Ерлајнс“.

Прикажи повеќе