Унгарскиот ракометен гигант Веспрем денес претстави дури четири нови засилувања за следната сезона.

Нови членови на поранешниот европски вицешампион ќе бидат египетскиот среден бек Јахија Елдерa, белоруското десно крило Микита Ваилупау, како и еден од најнадежните унгарски ракометари Герго Фазекаш.

Исто така, најавите на странските медиуми дека многу веројатно оваа листа на засилувања ќе биде збогатена со уште едно квалитетно име, се испоставија како точни и Момир Илиќ за следната сезона ќе може да смета на услугите на кружниот напаѓач на Нант и репрезентативец на Србија Драган Пешмалбек.