На првиот тренинг во пресрет на Формула 1 трката во Абу Даби, Макс Верстапен оствари најбрзо време.

Возачот на Ред Бул направи 23 круга со тоа што на најбрзиот запиша време од 1:25.009 минути. Валтери Ботас се пласира на второто место, додека, трет беше Луис Хамилтон.

Четврт на првиот тренинг беше Серхио Перез, додека, петтото место му припадна на Јуки Цунода.

Вториот тренинг во пресрет на трката е закажан за денеска. Квалификациите се утре, а финалето во Формула 1 за оваа година е закажано за во недела.